Охрид, 19. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека в четврток, 21-ви ноември, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св. архангел Михаил“.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31