Охрид, 20. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Утре во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св. архангел Михаил“, информираат од Дебарско-кичевската епархија.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21