септември 27, 2021

Скопје, 27. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за економија Крешник Бектеши очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.

Тој не прецизира дали ќе има олеснувања или евентуални укинувања, но уште еднаш повтори дека Владата се држи до препораките на Комисјата за заразни болести.

– Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мерките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комисијата за заразни болести, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод Светскиот ден на туризмот. (Крај)

извор: 360 степени фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука