Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Aлександар Тарабунов неодамна, на Божик ја објави неговата нова песна „Снегови“.
– Со огромна радост ви ја претставувам мојата најнова песна „Снегови“, која ја сметам за најискрената композиција во мојата досегашна кариера. Оваа песна претставува не само дел од мојата уметничка душа, туку и најава за возбудливи проекти што допрва доаѓаат. Новиот и вистинскиот јас, вели Тарабунов.
Додава дека како комплетен автор на „Снегови“ е горд што токму на најголемиот христијански празник – Божик, оваа песна ја пушти во етер, носејќи ја топлината и магијата на празничниот дух до сите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 12