Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Armin van Buuren потврди дека неговиот A State Of Trance фестивал се враќа во Rotterdam на 21-ви и 22-ри февруари 2025 година.
На настанот се очекуваат најголемите имиња на trance сцената, меѓу кои ќе биде и самиот Buuren, кои ќе настапат на 5 сцени.
Комплетниот line-up ќе биде објавен наскоро, но она што се знае е дека самиот van Buuren ќе има пет часовен сет првата вечер. Повеќе од 25 врвни Dj Имиња се очекуваат да настапат следната вечер.
– A State of Trance станува поголем и поголем настан. Возбуден сум што одиме кон сериозни височини, истакна van Buuren.
Додаде дека фестивалот минатата година имал голем исчекор со продолжувањето на два дена што е сосема ново поглавје во целата приказна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива