Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Baby Lasagna ја започна новата 2025 година со веста дека деби албумот „Demons & Mosquitoes“ пристигнува на 7-ми февруари.
На албумот ќе се најдат хитовите „Rim Tim Tagi Dim“, „Biggie Boom Boom“, „Catch Me If You Can“, како и голем број сосема нови песни.
– Наместете потсетници, соберете ги вашите најблиски и отворете шампањ, порача Baby Lasagna на социјалните мрежи.
Зад името Baby Lasagna стои младиот музичар Марко Пуришиќ од Умаг кој го користи своето долгогодишно креативно искуство за да си поигра со различни жанрови, а неговиот опуштен пристап кон музиката се рефлектира во хуморот и лежерноста на текстовите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 11