Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Baby Lasagna со песната „Rim Tim Tagi Dim“ е годинешниот победник на хрватската Dora 2024 и ќе ја претставува својата земја на изборот за песна на Евровизија.
– Благодарност до сите што гласаа и до мојот тим. Се гледаме во Малме, порача Baby Lasagna на својот официјален Instagram профил.
Пејачот вети спектакл кога е настапот во прашање и го исполни ветувањето, а за неговиот успех сведочи и првата позиција на трендинг на YouTube во Хрватска.
Зад името Baby Lasagna стои младиот музичар Марко Пуришиќ од Умаг кој го користи своето долгогодишно креативно искуство за да си поигра со различни жанрови, а неговиот опуштен пристап кон музиката се рефлектира во хуморот и лежерноста на текстовите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива