News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 3, 2024

Охрид, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Супер успешната охридска бургер приказна, Bro’s Burger Station продолжува со новитетите и нивните вкусни производи сега уште подостапни за охриѓани.

– Со задоволство Ве информираме дека од денес, започнуваме со специјални картички за 10% попуст, наменети за жителите на Охрид, кои ќе се во употреба во текот на целата година. Секој охриѓанец може да добие своја картичка и да ужива во попусти на сите наши производи. Повелете во нашиот објект, да подигнете картичка, порачуваат од Bro’s Burger Station.

Браќата Филип и Бојан Стојковски започнаа спонтано, но за кратко време создадоа бренд, наметнувајќи се со квалитетот на храната и услугата, а покажаа и иновативност во создавање нови вкусови на бургери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука