Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новата глобална поп сензација Chappell Roan ја освои наградата за најдобар нов изведувач на доделувањето на видео музичките награди на MTV и се приклучи на листата на легендарни победници со истото име, на која се Nirvana, Eminem, Olivia Rodrigo и Billie Eilish.
Нејзиниот прв албум, The Rise and Fall of a Midwest Princess“ од 2023 година има вртоглаво зголемен број прегледи. Станува збор за бројки од повеќе од 300 милиони прегледи на YouTube и 45,5 милиони месечни преслушувања на Spotify.
Нејзиниот последен сингл „Good Luck, Babe!“ доживеа огромен успех, привлекувајќи ги симпатиите на огромна публика во целиот свет. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 65