Охрид, 31. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 109 лица (Охрид 45, Струга 45 и Кичево 19).
Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 10 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 30 лица (Охрид 18, Струга 7, Кичево 1 и Дебар 4).
– Врз овие лица, извршени се 14 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 67 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид 7, Струга 6, Кичево 42 и Дебар 12), информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 55