јули 19, 2024

Охрид, 19. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Dj Славе Келешовски, еден од најпознатите македонски Dj-и со сериозна кариера во 80-те и 90-те години од минатиот век, која трае до денес, и некогашниот пејач на култната група „Бијело дугме“, легендарниот, 78-годишен Жељко Бебек, го негуваат пријателството скоро половина век.Келешовски на неговиот профил на Facebook објави неколку фотографии, од кои најстарата датира од далечните 80-ти години од минатиот век.

– Во 1984 година Бебек го напушти Бијело Дугме. Во 1986 година се одржа турнеја – Бебек и јас, за 10 дена ја завртивме Македонија и Струга секако. Тоа му беше најтешко време, напиша Келешовски.

Жељко Бебек синоќа одржа одличен концерт на Антички театар во Охрид со кој ја продолжи прославата на 50 години успешна кариера.

Бебек неодамна објави дека нема да биде дел од славеничката турнеја на „Дугме“ по повод 50 години од основањето на групата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Славе Келешовски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука