Охрид, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на градскиот кеј во непосредна близина на старото пристаниште во Охрид во периодот од 17:00 до 19:00 часот ќе биде организирана едукативна реботилница за деца „Отпадот и езерските длабочини“.
Работилницата е намената за ученици, наставници и родители, а e во насока на подигнување на јавната свест за управувањето со отпадот и заштитата на животната средина.
Настанот е организиран во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, финансиран од „Сида“, а имплементиран од „САЛАР Интернешнл“. Проектот има цел да ги подобри практиките за управување со отпад во пелагонискиот и во југозападниот регион. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 68