февруари 28, 2017

Нови Сад, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – EXIT фестивал доби нови, жестоки засилувања за овогодишниот фестивал кој ќе се одржи од 6-ти до 9-ти јули на Петроварадинска тврдина.

Спојот на мелодичен и тврд звук ќе се чуе од третата најголема бина на фестивалот, Fusion, каде што доаѓа легендарниот состав The Damned кој ќе ја донесе својата препознатлива панк атмсофера, а славната бина на EXIT фестивал посветена на екстремниот звук, Explosive, и оваа година ќе биде епицентар на земјотресот кој ќе го предизвикаат најновите објавени имиња на метал, панк и хардкор сцената! Фуриозниот лајн-ап го предводат легендарните панкери Angelic Upstarts кои доаѓаат во Србија по 32 години. Ним им се придружува и култното име на екстремната индустриал дарк метал сцена, швајцарскиот бенд Samael. Тие ќе ја предводат експлозивната програма на оваа бина покрај веќе најавените бендови The Black Dahlia Murder, Discharge и Destruction.

Едни од зачетниците на панк сцената, британските ветерани The Damned годинава на Exit ќе прослават 40 години од својот прв албум „Damned Damned Damned“ кој е воедно и првиот објавен британски панк албум. Со впечатливиот вампирски изглед на фронтменот Дејв Ваниан, кој го инспирираше раѓањето на готик модата, како и со нивниот иновативен пристап, го осигураа своето место во историјата на музиката, а оваа година ќе објават и нов албум. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука