Нови Сад, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најголемите електронски бендови на сите времиња Faithless, премиерно ќе настапи во целосен концертен состав на 12. јули на Exit Dance Arenа.
Тоа ќе биде продукциски најголемиот спектакл и најзначајниот концерт во историјата на една од најпопуларните електронски бини во светот. Славниот бенд од Лондон го објави овогодишното враќање на сцената со серија одбрани настапи со кои одбележуваат 20 години работа како и со ремикс албумот „Faithless 2.0“. Покрај современите верзии на енергичните класики како што се „Insomnia“, „God Is A DJ“ и „We Come One“, изданието содржи и три нови песни.
Бендот на овој начин ќе го заокружи опусот од седум албуми и небројни синглови од врвот на светските топ листи, распродадени во повеќе од 15 милиони примероци. Во оваа прилика ја објавуваме и листата на изведувачи која на 10. јули на Арената ќе ја предводи холандската суперѕвезда Hardwell, а тоа се хитмејкерите Oliver Heldens и Kill The Buzz, како и данскиот продуцент Kölsch и многу посакуваното диџеј дуо Catz ’n Dogz.
Креативното јадро на групата Faithless го сочинуваат харизматичниот фронтмен Maxi Jazz, мулти-иструменталистката (Sister Bliss, како и продуцентот Rollo. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива