Охрид, 6. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Водечкиот медиум регионот, охридското Супер радио на своите слушатели им ги подарува своите два ремикси на Велигденската „На Велигден сум се заљубил“, оригинално изведена од Џина Папас Џокси.
– Сите наши слушатели можат да ги слушаат деновиве на нашата програма на 97.00 Mhz на FM скалата во Охрид, Струга и околината и секакако насекаде во светот во живо на интернет, информираат од радиото.
Од комплетната редакција на Супер радио, Inpress и OhridPress на сите православни христијани им ги честитаат Велигденските празници.
Верзијата од 2000 година може да се симне ОВДЕ, а онаа од 2001-ва ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 59