Вашингтон, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Google започна да развива магнетни честички, кои во иднина можат да се применуваат во медицината за истражување на човечкото тело и откривање на рани стадиуми на рак и други заболувања.
Компанијата објави дека механизмот ќе биде илјада пати помал од црвените крвни клетки и ќе се прикачува на други клетки. Соопштуваат дека работат на развој на надворешен уред кој ќе може да ја следи активноста на сите клетки во нашето тело.
За развој на нанотехнологијата, на експертите на Google ќе требаат минимум 5 години. Главната цел на научниците е раната дијагноза на рак и други заболувања, како и нивно ефикасно лекување. (Крај)
извор: Health фото: архива