Охрид/Скопје, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Музичката куќа Diehard Booking & records годинава ќе го организира 5-от по ред „Дајхард“ фестивал.
Секоја година учесници на овој фестивал се охриѓаните Hardfaced. Тие оваа година прославуваат десет години од излегувањето на албумот „More Than Hate”. По тој повод, на фестивалот ќе ги отсвират песните од албумот во живо. Овој месец ќе биде доста активен за охридскиот бенд, затоа што ќе имаат и концерт во Охрид.
Фестивалот ќе се одржи во МКЦ, Скопје, на 16-ти март, четврток, со почеток во 19:00 часот.
Исто така на фестивалот ќе настапуваат бендовите: Nasty од Белгија, Shock Troopers – скопско-кочански бенд, Gargoyles – band од Скопје, Short Fuse Hero и Blood Shot Down од Германија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива