Охрид, 21. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – По кратко боледување, утрово во Охрид, на 75-годишна возраст почина новинарот Борис Ѓорѓиоски.
Пензионираиот дописник на МИА од Охрид, студирал во Загреб политички студии, отсек новинарство. Работеше во Радио Белград, волонтирал и во „Политика“, по што добил уредничко место во Радио Младеновац, за подоцна да стане дописник на Радио Белград од Скопје.
По распаѓањето на поранешна СФРЈ, се враќа во Охрид и го отвора радиото MCB. Поради економската криза радиото се затвори, по што Ѓорѓиоски станува дописник на државната новинска агенција МИА од Охрид, во која работеше се до пензионирањето. Ѓоргоски беше и координатор на регионалниот центар на Здружението на новинари на Македонија.
Посмртните останки на Ѓорѓиоски ќе бидат изложени утре во Градската капела од 10:00 до 11:00 часот, по што ќе биде погребан на Градските гробишта во Охрид. (Крај)
извор: публицитет.мк фото: публицитет.мк