Охрид, 22. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Kатрин Фриинсфелд, културно аташе во амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје денес беше во посета на ОУ „Дебрца“.
Вработените и учениците имаа можност да поразговараат со Фриинсфелд, поттикнати од желбата за изучување на германскиот јазик во училиштето. Тие ги слушнаа нејзините гледишта за понатамошна напредна импликација на овој предмет во наставата.
Гостинката, која го посети училиштето на покана на наставничката по германски јазик Билјана Бибоска Стојкоски, имаше можност да види како учениците го практицираат германскиот јазик. Дел од учениците од 6 и 7 одделение, заедно со училишниот оркестар, под менторство на наставничката по музичко образование, Светлана Богданоска се претставија со песничка на германски јазик.
Во рамките на посетата беше предадена донација од книги и дидактички материјали за јазичното катче во училиштето, со цел зголемување на библиотечниот фонд. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива