ноември 13, 2019

Охрид, 13. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку за 15 отсто ќе се зголемат цените на авионските билети во Европа по воведувањето на „климатскиот данок“, кој најмногу ќе се одрази на корисниците на услугите на нискотарифните авионски компании.

Еколошкиот данок ќе се воведе од април 2020 година во Германија, а според првичните пресметки ќе ги зголеми цените на билетите на линиите во Европа со најмалку 15 отсто.

Се предвидува собраните пари од новите даноци да бидат пренасочени во железницата со цел да се намалат цените на нивните билети. Според европската комисија сите жители на ЕУ треба да се ориентираат кон ова.

Во моментов од Скопје има евтини летови кон 30 дестинации, а од Охрид се лета кон 7 аеродроми. Само преку Германија летат авиони кон други 11 дестинации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука