септември 3, 2024

Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Емотивната поп-пејачка и кантавторка позната по својот сензибилитет и искреност, Kenzie го претстави својот втор студиски албум „Biting my tongue“, кој носи 12 песни преку кои таа го покажува својот идентитет без срам и страв, а нејзината трогателна вокална изведба дополнително ја нагласува суровоста на емоциите.

– „Синглот „The me I was“ е за тоа како би сакала да ја запознаам старата моја верзија, онаа што бев пред да ме уништат љубовните врски. Моментално сум во период од мојот живот кога го пронаоѓам својот глас и го користам за пишување музика, вели Kenzie.

Како личност која израснала под рефлекторите, 20-годишната Kenzie Ziegler и е позната на јавноста уште од мала и нејзиното учество на натпреварот „Dance Moms“.

Влезе во музичките води во 2014 година, а тинејџерските денови ги помина барајќи го својот правец во индустријата. Својот прв албум „Фази“ го издаде во 2018 година, а сега има милиони слушатели и следбеници ширум светот.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука