Охрид, 19. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Lady Gaga, дамата која е добитничка на 13 Grammy награди го објави спотот за „Disease“, првиот сингл од нејзиниот претстоен албум, кој вешто ги истражува предизвиците за справување со нашиот сопствен хаос, кој е неизбежен дел од сите нас.
Синглот беше објавен на 25-ти октомври и наиде на овации и одлични критики. Албумот е закажан за пролетта 2025 година и го означува нејзиното долгоочекувано враќање на поп-сцената.
Последната песна доаѓа не долго по објавувањето на „Harlequin“, концептен албум кој го следи дејството на филмот „Joker: Folie à Deux“.
Gaga се искачи на трето место во светот по бројот на месечни слушатели на Spotify, а таа е помеѓу петте музичари во историјата на оваа платформа кои можат да се пофалат со повеќе од 100 милиони месечни слушатели. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива