Охрид, 14. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британско-бразилската уметница во подем, Liana Flores го претстави својот деби албум „Flower of the soul“ кој ќе ги маѓепса слушателите со бајковити тонови натопени во британскиот џез и боса нова.
Преку 11 песни, уметникот ја истакнува моќта на природата и ги користи нејзините етерични мотиви како дожд, сонце, пеперутки и други убавини, што всушност ги прави овие траки поезија придружени со музика.
– Ова е албум кој ги истражува темите на природата и непостојаноста на нештата во овој свет. Прашањето се занимава со напнатоста и поврзаноста меѓу луѓето и природата, како и сите промени и константи во време на трансформација, вели Liana Flores за инспирацијата за албумот.
Растејќи во мал град на југот на Norfolk, Liana Flores уште од рана возраст го забележала нејзиниот талент за музика, по што следувале часови по пијано, а подоцна и гитара. Целиот свет и’ е на дланка и иднината е пред оваа млада дама.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива