Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Не постои втора шанса за да се остави првиот впечаток. Затоа првото издание на Amanet Festival ќе ја има честа да го отвори Matthew Dekay, еден од омилените DJ-и на македонската публика, порачуваат од SUN Production.
– Вечер со човекот кај кого забавата е загарантирана. Ви го претставуваме гостувањето на Matthew Dekay во петок, 26-ти јули на плажата Градиште 2 – Summer Beach Club. Влезници во претпродажба по супер промотивна почетна цена од 500 денари во „Југотон“ и сите продажни места на www.kupikartizase.com, додаваат организаторите.
Како хедлајнер на првото издание на AmaNET Festival 2019 ќе го слушаме сетот на „ѕвездата“ на летото, фантастичниот Nic Fanciulli.
Супер радио и ова лето продолжува со својот проект СИТЕ ВО ОХРИД. На нашата програма, но и на нашите информативни портали OhridPress и Inpress ќе ги промовираме сите настани, кои ќе се одржуваат на Охридско-струшката ривиера, во насока на уште една поуспешна и подолга туристичка сезона. Ве очекуваме, и ова лето СИТЕ ВО ОХРИД. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива