Охрид, 18. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонското трио „My Tear“ го претстави синглот „Истото го сакаш“ со кој го најавуваат вториот студиски албум, кој ќе се појави на дигиталните платформи токму денеска.
Албумот „Кога не се сакаме“ е снимен во „Студио 1060“ во Скопје во текот на последните две години, а како заедничко издание ќе го објават Corpus Delicti од Македонија, JaJaJa Records од САД и Pop Depresija од Србија.
– Некои нешта не се менуваат кога е во прашање нашата музика. Луда мелодија, моќна ритам секција, среќно-тажни текстови, џингл-џангл гитари… Атмосферата во песните како да оддава почит на Bob Mould од Sugar фазата, со силна Њу вејв основа и ароматични македонски зачини кои ја прават секоја песна и танцувачки гитарски хит и ода на малите животни победи, велат од My Tear. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива