Охрид, 31. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Во понеделничното шоу на 2-ри февруари на глобалната музичка емисија Confetti Digital, дј-ски сет на охридскиот дј Nasty deluxe ќе биде пуштен заедно со сетот на познатиот светски дј и продуцент Eddie Amador.
На оваа крос радио лондонска мрежа, охриѓанецот Кристијан Нестороски, познат како Nasty deluxe, секој понеделник има свое претставување со дј-ски сет.
– Честа е голема да се биде дел од ова шоу, а уште повеќе затоа што во понеделник ќе има сет и Греми номинираниот светски музичар Eddie Amador, вели Nasty deluxe.
Amador ќе биде специјален гостин на шоуто, а ќе бидат пуштени во етер сетови, кои содржат deep house, techno и tech-house музика.
А исто така, секој понеделник од 21 до 22 часот на Супер радио се емитува и едночасовното радиско шоу „Music for the Soul“ на Nasty deluxe. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива