Охрид, 10. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Netflix го објави новиот документарец за животот и наследството на Avicii, или Tim Bergling.
Филмот се вика „I’m Team“ ја раскажува приказната за Avicii, неговиот живот и кариера, со досега необјавени снимки.
Документарниот филм е во режија на шведскиот новинар и режисер Henrik Burman, доаѓа повеќе од шест години по смртта на Avicii, и се фокусира, помеѓу другото, на неговиот последен настап на Ibiza, во клубот Ushuaïa.
– Ова е неверојатна приказна за Tim, срамежливо и несигурно момче кое одеднаш стана еден од најомилените уметници во светот, се вели во синопсисот на филмот.
Шведскиот продуцент и Dj си го одзеде животот во април 2018 година, на 28-годишна возраст, додека беше на одмор во Oman. Пред неговата смрт, Avicii отворено зборуваше за тоа како турнеите сериозно влијаеле на неговото ментално здравје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива