Глендејл, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – НФЛ тимот на New England Patriots е освојувач на 49-от Супербоул, откако во драматичен меч ги совладаa Seatlle Seahawks со 28-24.
Натпреварот беше решен во самиот финиш откако во последните 15 минути Патриотс ја надополнија негативата од десет поени. Во последната четвртина Том Брејди постигна два тачдауна и на својот тим му ја донесе победата.
За New England Patriots ова е четврта титула во историјата во НФЛ-лигата и сите четири ги освои под водство на тренерот Бил Беличик и одличниот квотербек Том Брејди.
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 155