Скопје/Охрид, 22. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Nordwind Airlines ќе воведе редовни летни чартери меѓу Москва и Охрид во 2022 година, дополнувајќи ги своите планирани операции од Москва и Санкт Петербург до Скопје.
– Планирано е летовите да се реализираат двапати неделно. Руските туристички групи во земјава главно се фокусирани на културниот и верскиот туризам, но во последно време се зголемува интересот за специјализирани кратки одмори кои траат до четири дена, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Агенција за промоција и поддршка на туризмот
Прочитано: 22