март 27, 2024

Охрид, 27. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ако барате предлог за викендов за нова серија, една од нашите препораки е „3 Body Problem“, научно-фантастично ремек дело (како што го опишуваат критичарите) кое моментално е најгледаната содржина на Netflix.

Серијата на која работеа креаторите на Game of Thrones, David Benioff, Alexander Woo и D. B. Weissу, е базирана на истоимениот роман на кинескиот автор Liu Cixin. Заплетот следи група научници кои се подготвуваат за справување со најголемата закана со која се соочил некогаш човечкиот род.

Ѕвездата на серијата е астрофизичарката Ye Wenjie, чиј татко е убиен за време на Кинеската културна револуција. Години подоцна, таа е регрутирана во армијата и е дел од тајната мисија чија цел е воспоставување контакт со вонземјани. Во актерската екипа се Marlo Kelly, Saamer Usmani, Jess Hong, John Bradley, Jovan Adepo, Rosalind Chao, Liam Cunningham, Benedict Wong, Alex Sharp, Eiza González и други ѕвезди.

Серијата има вкупно осум епизоди и според најавите веќе се планира и втора сезона.

Netflix's 3 Body Problem Casts 'Game of Thrones' Alum, 11 Other Actors

Магазинот „Esquire“ пишува дека буџетот за „3 Body Problem“ бил околу 25 милиони долари по епизода, што ја прави серијата една од најскапите серии на Netflix воопшто некогаш снимени.

3 Body Problem Series on Netflix: Release Date, Trailer, Photos - Netflix Tudum

Серијата привлече големо внимание и во Кина, иако Netflix таму не е достапен. Кинезите останаа во шок по сцената на самиот почеток, кога членови на Црвената гарда ги линчуваат професорите на еден колеџ. Меѓу нив бил и таткото на Wenjie, угледен професор по физика кој одбива да се откаже од вистианта за теоријата на релативноста и теоријата на големата експлозија, поради што бил брутално претепан до смрт. На целиот настан сведочи и самата Wenjie, која потоа е испратена во работен логор.

3 Body Problem (Netflix): Cast, Plot, Release Date, Trailer - Parade

Осум епизоди по околу еден час. Викендов е пред вас, ова е must-see… Уживајте. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука