јануари 24, 2015

Охрид, 24. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Од денес охридскиот информативен портал OhridPress стартува со нов дизајн и збогатени содржини.

– Порталот сега е далеку попрегледен и полесен за пристап од сите платформи. Наскоро ќе се изработи и апликација за мобилни телефони, со што ќе стане уште подостапен за читателите. Воведовме и посебни рубрики – за Култура за да можеме да ги следиме и да се подредени на едно место сите настани од културата во Охрид и посебна рубрика за Хроника. Тука се и стандардните рубрики „Интервју“, „046 – За Охрид се зборува“, „За охридцките работи“ и др. Се надеваме дека ќе им се допаднат содржините пред се, а секако и дизајнот и пристапноста на нашите читатели.

Во поглед на техничкиот дел, порталот е дело на Крсте Костоски, дипломиран инжинер по комуникациски мрежи и безбедност на УИСТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

– Гледавме да одиме минималистички во дизајнот за читателите да имаат попрегледно пребарување. Креирана е на WordPress и има модерен responsive дизајн прилагоден за сите видови на уреди меѓу кои и најновите ретина дисплеи на Apple, вели Костоски.

Интернет порталот OhridPress информира претежно за настаните од Охрид и околината, но и за настаните во државата и светот. Покрај споменатите, тука се и рубриките за Струга, спорт, забава и политичкиот живот.

Старата верзија на OhridPress и сите информации таму, читателите можат да ја пронајдат ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука