Охрид, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Официјалната страна на Facebook на OhridPress деновиве ја помина бројката од 10.000 следбеници, до кои секојдневно стигнуваат информациите кои се објавуваат.
– Со оглед на фактот дека не користиме платени посети и лажни бројки, за нас ова е одличен показател дека се движиме во вистинската насока и дека читателите ни веруваат. Секоја недела имаме помеѓу 50 и 100 нови редовни читатели, до кои, според нашиот слоган „Брзо, точно, проверено“, испраќаме проверени информации пред се` од Охрид, но и од Струга и државата. Големо внимание се посветува и на забавниот дел, а имаме и вести од спотот, здравиот начин на живот и секако интевјуа, репортажи и уредничките коментари и осврти на подобрување на животот во Охрид. Не сакаме да бидеме само уште еден портал кој пред своето го ставил името Охрид, туку да бидеме глас на заедницата и сериозен информатор за случувањата во градот, вели Јане Стефанов од OhridPress.
Порталот OhridPress е дел од медиумското семејство на Супер радио, веќе со години најслушаната и најрелевантната локална радио станица во државата, која оваа година прославува 25. години од постоењето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес