Охрид, 23. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општините Подградец, Охрид и Струга ќе соработуваат и во текот на оваа туристичка сезона, објави OraNews, во прилогот насловен „Едно езеро, две држави, три општини, Охридско Езеро, туризмот се развива во Подградец, Струга, Охрид“.
– Соработката се чини ќе биде поголема годинава и поради договорот на туристичките оператори за продолжување на деновите на престој во овој прекуграничен регион, наведува телевизијата.
Илир Џаколи, градоначалник на Поградец, вели дека соработка меѓу општините е неопходна.
– Се трудиме туризмот да го развиеме не само во рамки на округот, туку и во регионални размери, вклучувајќи ги Охрид и Струга, додава тој.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, е со став дека општината има должност да ги заврши проектите кои се во служба на туризмот, а потоа туристичките оператори се тие кои го развиваат туризмот во оваа област.
Телевизијата наведува дека годинава, за разлика од претходните, туристичките агенции од Охрид и Струга склучиле договори со повеќе туристички оператори од албанска страна, кои работат главно во Тушемиште. (Крај)
извор: OraNews/Слободен печат фото: ОхридПрес