Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро е наречено македонско море, со 288 метри, е едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа. Во него живеат околу 200 ендемични видови на животни и растенија, вклучувајќи јагули и змии. Само на ова место во светот се среќаваат неколку видови таканаречени ендемични видови како што се охридската пастрмка и охридските слатководни сунѓери.
Вака полскиот магазин Perfect Diver го опишува искуството со поминатите часови во нуркање во водите на прекрасното Охридско Езеро. Заедно со домаќините од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, тие ги откриваа тајните и убавините на езерото кое е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО.
– Бистрината на водата достигнува и до 40-50 метри. Научници и археолози од различно потекло го истражуваа дното и пронајдоа многу интересни места кои сведочат за античките култури кои живееле во оваа област. Едно од поинтересните места е „Музејот на вода“ каде може да се восхитувате на разни артефакти, коски итн. – потенцираат во објавата.
За Македонците велат дека важат за еден од најгостопримливите народи во Европа, дека Охрид често се нарекува „Ерусалим на Балканот“ и дека во градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.
– Охридското Езеро е дом на околу 200 ендемични видови на животни и растенија, вклучувајќи јагули и змии. Само на ова место во светот се среќаваат неколку ендемични видови, меѓу кои охридската пастрмка и охридските слатководни сунѓери, потенцираат од Perfect Diver. (Крај)
извор: Perfect Diver фото: Perfect Diver