Будва, 6. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најзначајниот светски електронски состав The Prodigy, во среда на 15. јули ќе настапи на Јаз во рамки на морското поглавје на „Егзит“ Авантурата и со што ќе ја надополни овогодишната прослава на 15. роденден на „Егзит“, како и неодамна освоената историска титула на Sea Dance за „Најдобар европски фестивал“.
Премиерниот настап на Јаз, воедно е и светска ексклузива за Балканот, бидејќи Prodigy во рамки на светската турнеја по повод промоцијата на новиот албум ќе настапува само на одбрани, најголеми европски и светски фестивали. Шестото студиско издание насловено „The Day Is My Enemy“ излегува на 30. март и доаѓа по албумот „Invaders Must Die“, со кој четврти пат по ред групата го освои првото место на британската листа на албуми! Во четврт век долгата музичка кариера, Prodigy продадоа повеќе од 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива