Охрид, 20. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новата трака на охридскиот дј и продуцент Regie Rules, насловена „Superman“, ексклузивно ќе биде објавена на 27-ми мај, а изданието како пред-нарачка е веќе излезено на Beatport.
Најновата техно трака „Superman“, како што вели Regie Rules, е асоцијација на неговата поврзаност со Супер радио.
– Можеби ќе делува малку смешно, но сепак се гордеам со името на траката. Не се однесува на херојот Супермен, туку како супер човек, дел од охридското Супер радио. Како и секоја трака, името има некоја поврзаност со некоја приказна, додава Regie Rules.
Инаку, Regie Rules досега има издадено вкупно 4 траки, една како сингл, а две се како EP – „N.A.Z.A.“ и „J.O.N.N.Y.“.
Досега како најуспешна е Into the Groove, според издавачката куќа Antraxx Records, која моментално е на 9 место од вкупно сите артисти, кои имаат издадено трака за продукцијата. Трите траки досега се издадени на повеќе музички компилации.
За во блиска иднина Regie Rules најавува соработка со електронскиот музичар Алексанадар Галоски од Тетово. Повеќе детали за овој заеднички проект ќе следуваат многу наскоро, а стилот ќе биде EDM (Electonic Dance Music).
– Покрај најавената соработка со Галоски, можам да кажам дека сум отворен за соработка со други домашни и странски артисти, кои се занимаваат со продуцирање на музика, додава Regie Rules. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес