Тушемиште/Охрид, 28. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook профилот на RTSH Korca објавено е видео од патеката која е изградена во езерото во поградичното место Тушемиште, на албанската страна на Охридското Езеро.
Таму продолжуваат градежните активности, во непосредна близина на Националниот парк Дрилон, кој е биолошки резерват заштитен од УНЕСКО.
Një xhiro me biçikletë në pasarelën ujore të Tushemishtit!
Posted by RTSH KORÇA on Wednesday, March 27, 2024
Изворите Дрилон, се од карстно потекло и се вливаат во југоисточната страна на Охридското Езеро, во близина на селото Гурас, кај градот Поградец.
Од Невладината организација Lake Ohrid Heritage од Тирана потенцираат дека во Тушемиште се изградени платформи кои се длабоко влезени во езерото.
– Дали сето ова е во согласност со препораките на УНЕСКО? – прашуваат од Lake Ohrid Heritage, од каде додаваат дека наскоро во Поградец треба да пристигне набљудувачка мисија на УНЕСКО.
Планот на албанскаиот премиер Еди Рама за изградба на пристаниште и шеталиште на целата крајбрежна зона од Дрилон до Тушемиште наиде на силни критики од албанските, но и од македонските екологисти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Lake Ohrid Heritage