Будва, 04. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најпопуларните состави на денешницата Rudimental и во моментов суперактуелното англиско дуо Sigma, заедно со сè повеќе популарниот лондонски диџеј Mark Wilkinson, се првите потврдени изведувачи на главната бина на овогодинешниот Sea Dance фестивал на Јаз во Будва.
Најдобриот европски фестивал до 40.000 посетители дневно, сместен покрај Будва, на една од најубавите плажи на Јадранот, оваа година ќе се одржи од 16. до 18 јули како морски дел од „Егзит“ Авантурата. Првите три, од многуте други, подеднакво актуелни имиња, кои оваа година ќе го одбележат „Си Денс“ фестивал, се само дел од иновацијата која на Јаз ги очекува бројните посетители од разни делови на светот.
Минатогодишните хедлајнери на „Егзит“ фестивал Rudimental, по изразито успешниот настап на Петроварадинската тврдина, на 16. јули доаѓаат на „Си Денс“ со новиот диџеј настап, со кој ова лето ќе ги обиколат најголемите светски фестивали како што се Lollapaloza или Bonaroo.
Влезниците за „Си Денс“ фестивал се продаваат по цена од 2.240 денари, а за „Егзит“ фестивал по 3.599 денари, а во Охрид можат да се најдат во ЗЗ Топ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива