Будва, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на историскиот успех и освојувањето на овогодишната титула Најдобар европски фестивал во категорија до 40.000 посетители по ден, овогодишното издание на Sea Dance фестивалот ќе има посебен почеток.
Покрај трите, веќе потврдени дена со одлична морска забава, во среда, 15. јули, сите купувачи на влезници за целиот овогодишен Sea Dance фестивал или за полната десетдневна „Егзит“ Авантура, ги очекува дополнителен ден. Ќе биде тоа вистински спектакл како подарок со кој ќе биде прославен новиот голем успех на доделувањето на Европските фестивалски награди. Наскоро ќе бидат познати хедлајнерите за 15. јули, а публиката на Егзит Авантурата и Sea Dance фестивалот на Јаз ги очекува големо изненадување.
Sea Dance ја „брани“ титулата за најдобар европски фестивал во категорија до 40.000 посетители дневно. Своите настапи веќе ги потврдија Motorhead, Hardwell, Clean Bandit, Tom Odell, Chris Liebing и други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива