Охрид, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни охриѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.
За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со вљубеникот во Охрид и неговите убавини, риболовниот водич Љупчо Стојкоски Лепи.
OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?
Стојкоски: Нешто до сега шо само во филмој го гледавме стана реалност, полицискиот час. Кога се морат е најлесно, така да се навикнавме и го чекаме моментот кога ова ќе поминит. Не сум за комплетна изолација, како и сите така и јас сум заинтересиран до кој степен се ширит вирусот и почесто од нормално следам вести како на тв и на радио така и на социјалните мрежи, но и контактирајќи роднини и пријатели кои живеат во странство со цел да се дознајт нешто појќе.
OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?
Стојкоски: Доколку е добро времето 2 часа од денот го користам за индивидуално спортување, возам точак надвор од градската средина, а во вечерните часови се посветувам на средување на некои мои недовршени песни и компонирање на нови. Со фамилијата разговори за минатото и освежување на забораени случки и настани како со збор така и со слики. Љубител сум да готвам и пошто имам доволно слободно време ќе направам некој специјалитет, како на пример чадена риба или домашен леб.
OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?
Стојкоски: Најчесто гледам документарни емисии со содржини кои се од информативно значење, најчесто од германските тв канали, емисии во кои е прикажан животинскиот и растителниот свет, а филмови и книги со трилер содржина. Музика слушам најчесто на радио, а за серија во секој случај предложвам да се гледат цртаниот филм за возрасни „Симсонови“.
OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?
Стојкоски: Моментално е најдобро свеж зеленчук пошо го имаме во изобилство… Јас сум љубител на јадења од риба, салати и често пијам чај.
OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?
Стојкоски: Здрави и живи да си го поминиме периодов, а по нормализирањето на состојбата прво шо ќе напрам е заминвам на ноќен риболов 🙂 (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива