Snoop Dogg го претстави новиот албум „Missionary“
јануари 9, 2025

Охрид, 9. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Snoop Dogg го претстави новиот албум „Missionary“, 20-ти за него, продуциран од легендарниот Dr. Dre, со кој Snoop неодамна ја објави песната „Outta Da Blue“.

Snoop Dogg го најави новиот албум со синглот „Gorgeous“, кој се искачи на 29. место на R&B/Hip-Hop Airplay листата на престижниот Billboard, прв пат за него по полни 13 години.

Иако Snoop Dogg и Dr. Dre соработуваа повеќе пати низ годините, сепак „Missionary“ е само втор заеднички албум по култниот деби албум „Doggystyle“ од 1994. година.

На „Missionary“ гостуваат и имиња како Eminem, 50 Cent, Jelly Roll, Method Man и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука