Охрид, 17. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Глобалната поп сензација Ariana Grande ја претстави ремикс верзијата на нејзиниот хит сингл „The boy is mine“, која е спој на три моќни женски вокали.
Дел од новата верзија се и Brandy и Monica, кои постигнаа глобален успех со оваа песна во далечната 1998 година.
Синглот е една од најпопуларните песни од седмиот студиски албум на Ariana „Eternal sunshine“ која наиде на пофалби од највлијателните медиуми како Rolling Stone, NME и The Guardian.
Изданието го содржи и глобалниот хит „We can’t be friends (wait for your love)“, како и водечкиот сингл „Yes, and? “, кој дебитираше на првото место на престижната Billboard Hot 100 листа.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива