јули 25, 2024

Охрид, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Миленикот на евровизиската публика и еден од најуспешните млади регионални музичари, Baby Lasagna го објави новиот сингл „And I“, кој носи нова димензија на неговиот звук, а сними и забележителен видео спот во ретро стил од педесетите години.

– Оваа песна е голем момент во мојата кариера и јасно им пркоси на претходните изданија. Толкувањето на нејзината музичка насока и значењето на текстот им го оставам на слушателите, изјави музичарот.

Со повеќе од 50 милиони преслушувања на евровизиската „Rim Tim Tagi Dim“ веќе има статус на сериозен хит, а за нејзиниот успех говори и тоа што песната доби најмногу гласови од публиката на оваа годинешниот избор за песна на Евровизија во Малме.

Музичкиот проект Baby Lasagna, зад кој стои младиот музичар Марко Пуришиќ од Умаг, произлезе од потребата на овој текстописец и уметник, наместо по некои зацртани правила, да создава музика по свој вкус.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука