Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дамата со прекрасен вокал Celeste се враќа на сцената со новиот сингл „This Is Who I Am“, продуциран од Beach Noise, како насловна тема од новата серија на Sky, „The Day of the Jackal“, телевизиска адаптација на романот на Frederick Forsyth, со Eddie Redmayne и Lashana Lynch во главните улоги.
– Оваа песна е готова долго време и се беше неправедно што околностите не дозволија да излезе пред четири години. Сега, кога сè е усогласено, овој момент служи како моќно признавање на нешто што остана недокажано, вели Celeste за новата песна.
Деби албумот на оваа британско-јамајканска музичарка „Not Your Muse“ стигна до број 1 на топ листите во Англија во 2021 година.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива