Охрид, 14. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – 31-годишниот американски пејач и текстописец Charlie Puth го издаде првиот сингл од неговиот престоен, четврти по ред студиски албум, одличната „Lipstick“.
Синглот е дело на Charlie со голема помош на Jacob Kasher Hindlin и неговите продуценти Happy Perez и Pop Wansel.
– Сите сме во потрага по новата љубов. Ги бараме новите усни во нашиот живот, вели Puth за новата песна.
Критиката ја опиша како многу слична на она што своевремено го правел еден Marvin Gaye, што е голем комплимент за Charlie Puth.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива