News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 21, 2024

Охрид, 21. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот норвешки продуцент и Dj Kygo го претставува новиот сингл „Stars Will Align“, во соработка со супер талентираните Imagine Dragons.

Нивната претходна соработка „Born To Be Yours“, објавена во 2018 година, собра над 600 милиони стримови и стигна до Топ 50 на топ листите во 38 земји.

Објавувањето на „Stars Will Align“ означува ново поглавје за Kygo, по неговиот петти студиски албум кој беше објавен во јуни.

Дел од албумот се и хитовите „Healing (Shattered Heart)“ со браќата Jonas, „For Life“ со Zak Abel и Nile Rodgers и „Whatever“ со Ava Max, која достигна број еден на европските топ листи. Оваа година, Imagine Dragons го објавија својот шести албум „Loom“, по што следуваше и светска турнеја.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука