јуни 24, 2024

Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британското R&B женско трио FLO го претстави самоуверениот сингл „Caught Up“ кој ја истакнува женската слобода и самосвест и покрај емоциите.

Текстот на песната ги потсетува девојките да не толерираат токсични партнери заради љубовта и дека секоја грешка има свои последици, а приказната е проткаена со сензуални хармонии карактеристични за девојките и нивниот стил на пеење.

– Нашата нова песна испраќа многу едноставна порака – нема да дозволиме да го изгубиме сјајот и да полудиме по некој маж. Знаеме колку вредиме и ако некој не знае да го цени тоа, може само да си замине, велат девојките за новото издание.

Уште од нивниот деби-сингл „Cardboard Box“ во 2022 година, Renée, Jorja и Stella ја освоија публиката со самодовербата и го привлекоа вниманието на голем број влијателни женски музичари во индустријата, вклучувајќи ја и Missy Elliott со која ја снимија сега популарната песна „Fly Girl“. Следуваше BRIT Rising Star Award и синглот „Walk Like This“ кој доби пофалби од највлијателните медиуми како Rolling Stone и Uproxx.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука