Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Една од најпопуларните рап дами на новата генерација, Ice Spice го претстави самоуверениот сингл „Gimmie A Light“ кој со својот звук и естетика ги враќа слушателите во 2002 година.
Новата верзија на песната, оригинално изведена од легендарниот рапер Sean Paul, послужи како совршен повод таа да го објави својот деби албум „Y2K“, кој ја следи естетиката и ритамот на тоа време.
Покрај новиот сингл, на претстојниот албум ќе се најде и изданието „Think U The Shit (Fart)“ со кое раперката започна оваа година.
Таа веќе го претстави својот најнов сингл пред публиката за време на настапот на фестивалот Coachella, што беше и нејзино прво појавување на сцената на оваа престижна манифестација.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива