Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Популарниот италијански рапер Lazza го објави новиот албум „Locura“, со носечкиот сингл „Canzone D’Odio“, во соработка со Lil Baby.
Lazza го опишува новиот албум како резултат на двегодишна борба со внатрешните предизвици, преку кои создал песни инспирирани од темната страна на славата.
– „Locura“ е создадена во различни музички студија низ светот, во соработка со истакнати продуценти. Песната пак „Canzone D’Odio“ маестрално го доловува чувството на целиот албум, вели музичарот за новиот материјал.
Lazza е еден од најпопуларните италијански рапери, со над 5,5 милиони слушања на Spotify месечно, или вкупно над 4 милијарди стримови. Неговиот претходен албум „Sirio“ е рап албум со најмногу признанија во историјата на италијанската музика, со 9 платинести сертификати и рекордни 21 недела на првото место на Официјалната листа на албуми во Италија.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива