Охрид, 22. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Добитничката на Grammy награда Meghan Trainor го слави успехот и се’ она што го постигна со новиот сингл „I Wanna Thank Me“, заедно со Тв водителката и актерка Carol Denise Betts, позната како Niecy Nash-Betts.
Станува збор за сингл од новиот, шестиот по ред студиски албум „Timeless“, кој носи материјал кој треба да биде потсетник да ја цениме нашата сила, убавина и вродена моќ.
– Често забораваме да одвоиме време за да ја цениме нашата напорна работа. Да работам со Niecy и да ја запознаам е остварување на еден мој сон бидејќи сум нејзин голем обожавател толку многу години, порача Meghan за новата песна.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива